Добитникот на Нобелова награда за економија, Пол Кругман, денеска во Скопје, зборувајќи како главен говорник на вториот Скопски економски и финансиски форум, и порача на Македонија дека има добри можности за развој, но дека треба да ја подобри инфраструктурата.
„Локацијата на вашата земја е добра, политичкиот систем е добар, но треба да се поработи на патиштата“, рече Кругман, кој важи за еден од водечките економисти на денешницата.
На прашањето кои структурни реформи треба да ги направи Македонија за да постигне одржлив раст, Кругман рече дека не знае доволно за економијата на Македонија, но она што е очигледно е дека е важна логистиката.
„Вие сте континентална земја, транспортната инфраструктура е очигледно неопходна. На долг рок тука се образуваната работна сила, едукацијата, но она што е сега неопходно, ако сакате фабрики од Германија, од Холандија, итн. да ги убедите користат производство од тука, најважно прашање е инфраструктурата за да може тие производи да се транспортираат“, рече Кругман.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
(Видео) Ковачевски и Бесими го прошетаа низ Охрид нобеловецот Пол Кругман
Фото: Влада