еМагазин
Image default
ЖИВОТ ТОП СТОРИИ

(Видео) Ковачевски и Бесими го прошетаа низ Охрид нобеловецот Пол Кругман

Премиерот Димитар Ковачевски денеска во Охрид се сретна со добитникот на Нобеловата награда за економија, Пол Кругман, професор на Универзитетот Њујорк, кој е во неколкудневна посета на нашата земја, а утре ќе биде говорник на вториот Скопски економски и финансиски форум.

За време на посетата на Охрид, премиерот Ковачевски, заедно со министерот за финансии Фатмир Бесими, имаа заедничка обиколка на дел од најзначајните културно-историски локации во Охрид.-Посетата на најзначајните споменични знаменитости во древниот Охрид започна кај Горна порта и Самуиловата тврдина, по што премиерот Ковачевски, министерот Бесими и нобеловецот Кругман ја посетија ранохристијанската базилика во близина на античкиот театар, по што следеше запознавањето со најважните карактеристики на црквата „Св. Софија“ и запознавањето со старата градска архитектура во куќата на Робевци, известуваат од Владата.

Обиколката на Охрид, Ковачевски, Бесими и Кругман, ја завршиле со посета на болничките цркви „Св. Богородица“ и „Св. Никола“ кај Долна Порта.-Премиерот Ковачевски, министерот за финансии Бесими и професорот и добитник на Нобеловата награда за економија, потоа се задржаа на работен ручек на кој разговараа за темите на Скопскиот економски и финансиски форум, кој оваа година е посветен на темата „Одржување на растот во време на неизвесност и потоа“, соопштуваат од Владата.

Фото/видео: Влада

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Фото) Мартин Вучиќ: Полна сала за Танец во Мелбурн, полно срце

Редакција

Народна банка: Сопствениците на „Еуростандард банка“ не го обезбедија потребниот капитал за првата половина од оваа година

Редакција

Владата ќе побара ново продолжување на вонредната состојба која трае веќе два месеци

Редакција