еМагазин
Image default
Бизнис ТОП СТОРИИ

Нормализиран железничкиот сообраќај, исплатена априлската плата во Железници Транспорт

Железничкиот сообраќај во државава е нормализиран, откако денеска во 13 часот е исплатена платата за април во ЖРСМ Транспорт АД Скопје и е прекинат бојкотот што го почнаа изутрината вработените во работилницата при подружницата влеча на возови.

Во тек на неколкучасовниот бојкот не сообраќале два воза, еден патнички и еден товарен.

-Денеска во ЖРСМ Транспорт АД Скопје во 13:00 часот е пуштена платата за април. Вработените од работилница продолжуваат со непречена работа, возовите сообраќаат согласно патниот распоред, информираа за МИА од РЕ одржување – работилница во подружницата влеча на возови при ЖРСМ Транспорт.

Порачуваат дека остануваат на претходните заклучоци, доколку до 15-ти во месецот не биде исплатен првиот дел од платата односно до 25-ти вториот дел од платата, наредниот ден работниците во работилница ќе престанат да ги извршуваат работните задачи и нема да ги поправаат и прегледуваат локомотивите и патничките гарнитури.

МИА/Фото: Унсплеш

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Голем раст: 103 полицајци во изолација, 14 од нив позитивни на корона вирусот

Редакција

Австралијанецот, со македонски корени Џим Ристевски повторно со хуман гест: Собра 28.000 австралиски долари за хемотерапија на малиот Јаков

Редакција

Северен ветер ќе услови благо намалување на температурите кои се во пораст

Редакција