еМагазин
Image default
Свет ТОП СТОРИИ

„Норвешка ти благодарам“: Премиерката Солберг најави враќање на нормалниот живот и укинување на рестриктивните мерки против Ковид-19

Норвешката премиерка Ерна Солберг најави дека по 561 ден воведени рестриктивни мерки во мирнодопски услови, Норвешка од денеска се враќа во нормален живот.

Имено, рестриктивните мерки ќе бидат укинати денеска од 16 часот. Ова значи дека, мерките за социјална дистанца повеќе не важат и културните и спортските настани ќе се одвиваат со полн капацитет.

Во Норвешка 76 отсто од населението примиле најмалку една доза вакцина против ковид, додека 67 отсто се ревакцинирани.

„Норвешка, ти благодарам“, кажа Солберг.

Фото: Unsplash

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ИДСЦС спроведе симулациска вежба за поплави во Општина Кавадарци

Редакција

Фатмир Скендер и Татјана Васиќ Бозаџиева избрани за уставни судии

Редакција

Цените на производителите на индустриски производи зголемени за 22% на годишно ниво

Редакција