еМагазин
Image default
ЖИВОТ

Во „Аџибадем Систина“ изведена исклучително тешка операција: Изваден тумор од 62-годишна пациентка голем околу 18 сантиметри

Во Клиничката болница „Аџибадем Систина“ е изведена исклучително тешка операција при која е изваден тумор од 62-годишна пациентка голем околу 18 сантиметри, информираат од таму.

Туморот се наоѓал на специфично место во абдоменот, на тежок простор за ослободување, а она што дополнително ја отежнувало интервенцијата е што навлегувал и во големата долна шуплива вена.

Пациентката во моментов е во многу добра состојба, а изведената интервенција повторно го докажува врвниот квалитет на „Аџибадем Систина“, како клиника во регионот во која се изведуваат вакви тешки операции.

Проф. д-р Владимир Димов, специјалист по општа и абдоминална хирургија под чие водство се изведе интервенцијата, вели дека вообичаено на овие простори ваков тип операции не се рутина, односно многу често пациентите  се прогласуваат за иноперабилни со образложение дека болеста е во стадиум во кој не може да се стори ништо и евентуално се испраќаат на лекување во странски големи клинки.

“Успешната интервенција е извршена на пациентка кај која беше дијагностициран тумор на горниот дел на ретрооператиориумот, дел кој анатомски се наоѓа за абдоменот, каде што се наоѓаат бубрезите, панкреасот, но и сите крвни садови. Местото е специфично, тешко за пристапување, затоа што туморот се наоѓал над бубрежните вени позади црниот дроб каде што се вената и аортата.

Она што дополнително беше комплицирано е што туморот навлегуваше и во големата долна шуплива вена или таканаречена вена (cava) во која го облитерира речиси 90 отсто нејзиниот лумен. Оваа позиционираност налага да се отстрани туморот заедно со дел од  вената оти само така може да се отстрани во целост.

Станува збор за многу сложена операција која бара мултидисциплинарен пристап. Вакви операции кријат огромен ризик за животот на пациентот, од типот на тромбоза или искрвавување.

Но, благодарение на опременоста на болницата, искуството и знаењето на докторскиот тим ова се заврши многу добро, со минимална загуба на крв. Пациентката е во многу добра состојба и морам да потенцирам дека вакви тумори се лекуваат само во врвни клиники во специјализирани здравствени центри. Многу често овие случаи се прогласуваат за иноперабилни“, вели д-р Димов.

Клиничката болница „Аџибадем Систина“ и со оваа интервенција покажува дека со својата опременост, кадровска екипираност и мултидисциплинарен пристап е место каде што се решаваат извонредно комплицирани хирурушки интервенции кои по принцип се изведуваат само во многу големи центри во светот.

Во оваа опасна и ризична операција исклучително важно беше искуството на тимот доктори, а во интервенцијата освен проф.д-р Димов беа вклучени и м-р д-р Митко Караѓозов, тораковаскуларен хирург, д-р Ален Јовчевски, абдоминален хирург и д-р Моника Симоновска, како дел од абдоминалниот тим.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ФЗОМ: Лековите во аптеките се издаваат, надминат е техничкиот проблем со рецептите

Редакција

Дожд и засилен ветер за време на празничниот викенд

Редакција

Попладне и во текот на ноќта нестабилно време, со пороен дожд, грмежи и засилен ветер

Редакција