еМагазин
Image default
БАШ НИ Е ЌЕФ

(Фото) Нов милионер во Sport Life: Мајсторија во Тетово со пет пара на тикет

Одличен викенд за играчот на Sport Life во Тетово.

Со само 5 погодени пара на тикетот и тој се запиша во клубот на „милионери“ на Sport Life, информираат од компанијата.

„За оваа атрактивна и висока седумцифрена добивка, петте пара на тикетот биле со вкупен коефициент 257, а влогот изнесувал 3.900 денари.

Сите пет натпревари на кои се обложил биле одиграни во саботата, во термини од 14 и од 16 часот, а комбинацијата била по два меча од Германија и од Англија и еден од Суперлигата на Турција.

Првиот пар – Динамо Дрезден со два брзи гола во последните шест минути од првиот дел најавил победа против Инголштад, на крајот и убедлива со 4:0, за фатен тип 1-1, со квота од 4.75 во Sport Life.

Вториот германски меч на добитниот тикет е од пониските лиги во Германија, а се чекало двојка на дуелот меѓу втората екипа на Борусија Менхенгладбах против Алеманија Ахен.

Двоен стрелец за гостите бил Огузан Ајдоган, по еден во двете полувремиња за триумф на гостите од 1:2 и фатена двојка со коефициент од 2.60. Врв на добитниот тикет е мајсторски одиграниот тип Х-Х на дуелот во Турција меѓу Анталијаспор и шампионот Башакшехир, кој меч завршил без голови.

Двата преостанати натпревари во Англија од 16 часот, биле одиграни со единици на Барнсли против Милвол (2,18 коефициент) и на Мансфилд со Моркамб (2,30 коефициент).

И двата нашиот играч ги погодил-Барнсли прослави против Милвол со 2:1 и Мансфилд со триумф од 1:0 против Моркамб ги освои бодовите и воедно ја запечати добивката од еден милион денари во Тетово“, велат од компанијата.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Изложба на најдобрите дела од проектот „Млади уметници” во Музеј на Град Скопје

Редакција

Заврши првиот дел од Патувачкото кино на МакеДокс

Редакција

Ласер Ран Скопје 2022

Редакција