Новиот продажен салон на Sony Македонија ќе биде отворен денес во „Diamond Mall“, во строгиот центар на Скопје, информираат од таму.
На свеченото отворање љубителите на врвната аудио-визуелна технологија ќе можат ексклузивно само во овој продажен салон да видат и пробаат бројни новитети, посебно донесени за оваа пригода.
Во продолжение еве дел од нив.
BRAVIA XR 98” Class X90L Full Array LED 4K HDR Google TV (2023
Најновата класа на БРАВИА ТВ уреди со когнитивен процесор XR™ испорачува слика со широк динамичен контраст и природни бои, реплицирајќи го реалниот свет.
Со него имате пристап до сите ваши омилени
апликации за стриминг на едно место преку Google TV™ и можете со помош на вашиот глас да пребарувате и да поставувате прашања со Google Assistant™.
Исто така, можете да гледате, висококвалитетни 4K UHD филмови преку апликацијата BRAVIA CORE™.2.
Откријте повеќе детали за уредот на следниот линк.
Sony Experia 1 V е мобилен телефон кој користи компјутерско процесирање и сензори од иднината за неверојатни фотографии дури и при слаба светлина, а овозможува и филмски израз на бои со S-Cinetone за мобилен телефон и 4K HDR оригинално снимање видео со 120 fps2 на сите задни леќи.
Најновата вештачка интелигенција нуди исклучителни резултати од камерата, а за другите функционалности можете да прочитате тука.
Дизајниран да се вклопи во вашиот живот додека го живеете, овој елегантен и стилски телефон ќе отвори сосема нов свет на можности.
Компактен, во исто време моќен и креативен, со батерија која ќе ви трае и трае…
Xperia 5 V одговара на дизајнот на другите производи на Sony, вклучително и слушалките, за да можете да уживате непрекинато во комплет со другите производи. Повеќе за овој елегантен мобилен тука.
Безжични слушалки со поништување на шум WH-1000XM5
Слушалките за на глава WH-1000XM5 се опремени со два процесори за контрола на осум микрофони, со Auto NC Optimizer за автоматско оптимизирање на шумови според условите за носење и опкружувањето, како и со специјално дизајниран звучник од 30 мм со мала тежина, но голема цврстина на куполата за подобрена јасност на звукот, особено во високофреквентниот опсег.
Ушните слушалки WF-1000XM5 исто така го намалуваат надворешниот шум во широк опсег, почнувајќи од ниски па сè до високи фреквенции. Имаат два ексклузивни процесори што поништуваат надворешен шум повеќе од кога било досега, нов звучник Dynamic Driver X со високи перформанси, два повратни микрофони и иновативни ушни влошки за изолација на шум и постабилно вметнување.
Поништувањето на шумот во реално време може да се оптимизира, за да добиете најдобри перформанси според вашето опкружување, така што ќе забележите огромна разлика при слушањето, особено ако сте во авион, воз или автобус.
За компанијата Sony
Sony е водечки производител на аудио, видео, игри и комуникациски уреди како и производи за информатичко-комуникациски технологии за потрошувачите и за професионалците. Со музиката, сликите, компјутерската забава и онлајн бизнисите, Sony е единствено позициониран да биде водечка компанија за електроника и забава во светот.