еМагазин
Image default
Свет ТОП СТОРИИ

Климатските промени ја зголемија температурата на водите во јужните делови на Нов Зеланд

Водите околу јужните делови на Нов Зеланд се шест степени потопли од вообичаено поради климатските промени, временскиот феномен Ла Ниња и областите со висок воздушен притисок, посочуваат научниците.

Океанографот Жоао де Соуза изјави дека температурата на водата моментално е четири степени потопла од просечната и дека таквите температури ќе имаат значителни последици за еко-системот настанат и прилагоден на постудени води.

Според Де Соуза, истражувањата покажале дека се зголемуваат температурите на површинските води, но и оние на длабочина од сто метри, што значи дека топлотниот бран ги погодува и видовите што живеат во подлабоките води.

„Морските видови кои не можат да ја променат локацијата ќе бидат повеќе погодени од оваа температура,” рече Де Соуза кој очекува температурите на морето да останат над нормалата до април.

Нов Зеланд минатата година доживеа бројни топлотни бранови на морската вода, што доведе и до појава на избелување на морските сунѓери.

МИА/Фото: Unsplash

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Премиерите на Полска, Чешка и Словенија ќе одат во Киев на средба со Зеленски

Редакција

Апелација ги укина затворските казни за Исмет Гури и Ејуп Алими од ДУИ за предметот „Титаник 3“

Редакција

Азербејџан и Ерменија разменија тела на 200 убиени во Нагорно Карабах

Редакција