еМагазин
Image default
Балкан

Нов земјотрес во Хрватска со јачина од 4,5 степени по Рихтер, а почувствуван и во Србија и БиХ

Синоќа во 22 часот и 29 минути, сеизмографите на Сеизмолошката служба на Хрватска забележаа силен потрес во епицентар на 15 километри јужно-југозападно од Сисак.

„Магнитудата на потресот изнесуваше 4,5 степени по Рихтер, а интензитетот во епицентарот VI степени по ЕМС скалата. Потресот се почувствувал на поширокото подрачје“, информираа од Сеизмолошката служба.

Според информациите од медиумите, земјотресот бил почувствуван на поширокиот дел од државата, Србија како и Босна и Херцеговина.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Тоше Проески добива улица во селото Јабука кај Панчево

Редакција

Пожарот во близина на Атина ставен под контрола, на Родос гори густа шума

Редакција

(ВИДЕО) Вучиќ и Радев заедно открија споменик на Свети Кирил и Методиј во Димитровград

Редакција