еМагазин
Image default
Локално

Нова акција за пошумување на САСА: Засадени 5.000 садници во близина на рудникот

И оваа година Рудникот САСА продолжува со реализацијата на долгорочниот проект за пошумување, информираат од таму.

Во најновата акција што се спроведе на 5-ти и 6-ти април засадени се нови 5.000 садници од автохтони видови дрва на површина од два хектарa во околината на рудникот.

Оваа акција беше реализирана во соработка со ЈП „Национални шуми“ и ЈП „Камена река“ од Македонска Каменица.

„Програмата за планското пошумување е еден од долгорочните проекти за заштита на животната средина која ние во САСА со задоволство ја реализираме и во чија реализација продолжуваме да вложуваме. Со ваквите активности, покрај рекултивација на поранешните јаловишта, се врши и пошумување на околните предели, како и обнова и збогатување на постојниот шумски фонд.

На ваков начин, покрај за пејсажното уредување, се придонесува и за заштита на земјиштето од ерозија и се намалуваат ризиците од појава на одрони кои се чести во овие краеви.

Воедно, натамошното зголемување на шумскиот фонд придонесува и за одржување на високиот квалитет на воздухот кој е карактеристика на овој предел, како и за ублажување на последиците од климатските промени што има големо значење за одржливиот развој на заедницата и е наша долгорочна цел“, вели Ивица Талевски, директор за одржлив развој на САСА.

Ангажманот и вложувањата на САСА во овој домен ќе продолжи и во иднина преку реализација на сопствени акции за пошумување, како и со учество во заеднички проекти со институции и организации од локалната заедница, велат од таму.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Тракторист загинал во Неготино

Редакција

(Фото) Тројца се повредени: Поради густа магла 30 лица се изгубиле на ски терените на Попова Шапка

Редакција

Двајца загинати во вчерашната сообраќајка кај Страцин, по возачот, почина и сопатник

Редакција