еМагазин
Image default
Е-излог ТОП СТОРИИ

Нова кампања на Parfois за eсен/зима’ 18/19: Икона

Новата кампања на Parfois за есен/зима ’18 пристигна и нè подготвува за студените и „сиви“ денови кои се пред нас. Концептот е инспириран од 80-тите години, декада во која се издигнаа многу безвременски икони. Истовремено, во овој период дојде до промена на парадигмата: дизајнот започна да ја заменува функцијата, а естетиката се промени. Линиите и боите добија поголемо значење, па затоа Parfois за оваа кампања го одбра – Челас, периферна населба на Лисабон, Португалија.

Вистината е дека модата и општеството се полни со носталгија и секогаш постои отпор за нешто ново, невообичаено и постојат потешкотии да се прифати иднината која набрзина станува сегашност. Поради ова, кампањата на Parfois за есен/зима прикажува девојка која е љубопитна и заинтересирана за да истражува и набљудува сè што се случува околу неа, рефлектирајќи ги критиките и пречките кои претходните генерации и модерното општество го наметнале во светот во кој живее.

Во оваа рефлексија, Џамила Хугенбум ги абсорбира овие критики и ги трансформира во нешто ново. Кампањата има за цел да ни прикаже дека секој од нас може да биде икона, без разлика на кој начин, која е причината и каде се случува тоа. Оваа девојка се афирмира во својот свет кој таа самата го креира и во свое време, без двоумење, благодарение на силниот став со кој станала влијателна. Џамила се движи кон иднината, кон промените и е тотално индиферентна за она што се случува позади неа, привлекувајќи ги своите врсници, кои следејќи ја, ја издигнуваат до статус на икона.

Parfois во новата сезона ги има парчињата со кои ќе се изводите од останатите.

„Виши“ и тартан шарите се враќаат повторно во мода и дезените можете да ги најдете на чантите, облеката, марамите и шаловите. Животинските принтови како леопардски и змиски им даваат живот на чевлите и торбите и се комбинираат со металик елементи или детали од превртена кожа. Оваа колекција охрабрува мешање на различни стилови: плисе здолништа кои се носат со чанти на ремен, патики и впечатлив накит.

Колор-палетата варира: каки, окер, бургунди, фуксија, црни и сини нијанси кои ќе ги разведрат сивите денови.

Оваа есен/зима, Parfois ни докажува дека можеме да се издвојуваме секој ден, многу едноставно, со нашите ставови. Новата интерпретација на она што е безвременско и она што претставува икона добива ново значење и размер, покажувајќи дека не е важна популарноста за да станеш икона, туку автентичноста, влијанието, можноста да се создадат пресвртни точки во своите животи и во крајна линја, во животите на другите.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

За бугарските социјалисти, дел од Владата, нема потреба да се крева ветото за Македонија

Редакција

Декември потопол од досегашниот повеќегодишен просек

Редакција

Том Круз, прв актер кој ќе снима филм во вселената

Редакција