еМагазин
Image default
Бизнис

Нови 119 вработувања во „Брако“ годинава и раст на приходите од 51%

Од почетокот на годинава „Брако“ од Велес вработи 119 лица од кои 84 се на возраст до 40 години, информираат од компанијата

Со отворањето нови работни места, младите од Велес и државава, ја наоѓаат својата перспектива во компаниите кои се дел од Групацијата Фероинвест. Таа брои 1.000 вработени од кои 150 се инженери, со што директно се ублажува трендот на иселување и се придонесува во стабилизацијата на економијата.

Групацијата „Фероинвест“ има инвестиционен циклус од 21 милион евра, од кои 8 милиони евра се инвестирани во фабриката „Брако“ со што се одржува динамиката на компаниите и производствениот континуитет.

„Некои од нововработените го реализираат и своето прво вработување, започнувајќи да ја градат инженерската кариера токму тука, во некои од производствените програми на компанијата како што се производство на медицински мебел и медицински помагала, производство на најдобрите чистачи на улици под брендот „Green Machines“.

Производствени програми кои отворија нови работни места го вклучуваат и производството на опрема и приклучна механизација за вилушкари, производството на мобилни утоварни рампи, машини за додавање на лимови на ЦНЦ ласери, куќишта за турбини за мали хидроцентрали и жичани производи.

Новите проекти и инвестиции ја продолжуваат тенденцијата на отворање нови работни места и тоа во услови на глобална здравствена криза предизвикана од пандемијата на Ковид-19, кога компаниите се соочуваат и со 10% отсутност на вработените. Овој шок врз производството се надминува и притоа ниту еден работник не е отпуштен од своето работно место,“ велат од компанијата.

Приближно 90 проценти од производите се наменети за извоз. Остатокот, како и најразлични услуги е за домашни компании од областа на металопреработувачката индустрија.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Членот на УО на Реплек, Коста Котески купи акции на компанијата

Редакција

Откако синоќа повторно беше вклучен, денеска се проверува заштитата на генераторот на Блок 2 во РЕК Билола

Редакција

Гордана Гацева назначена за член на Надзорниот одбор на Стопанска банка Битола

Редакција