еМагазин
Image default
Македонија

Нови 40 случаи на Ковид-19 и едно починато лице во Тиквешијата

Меѓу новозаболените од коронавирусот се и здравствен работник и наставник во подрачно училиште во Кавадарци. Во изолација се 38 ученици. Информацијата за МИА ја потврди доктор Ристе Јовановски, специјалист епидемиолог при Центар за јавно здравје Кавадарци.

– Нови 40 случаи позитивни на Ковид-19 се регистрирани изминатите 24 часа во Тиквешијата. Од нив, 26 од Кавадарци, по шест во Росоман и во Неготино, два случаја во Демир Капија. Најмладиот има 14 години, а најстариот е на 81-годишна возраст, појасни Јовановски.

Со коронавирус починал 67-годишен неготинец, додаде Јовановски.

Се утврдуваат контактите на новозаболените со цел да се изолираат.

МИА/Фото: МЗ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

СМС порака на Груевски за „Монструм“: “Испаѓа дека жените муслиманки дома смеат да чуваат тенкови, а полицијата не им смее ништо”

Редакција

Починато едно лице од Ковид-19, вкупно до сега 5.475

Редакција

Се очекува одлука од Грција за обнова или поништување на забраната за авионско, железничко и копнено поврзување со државава

Редакција