еМагазин
Image default
БАШ НИ Е ЌЕФ

Новогодишен надоместок за вработените на САСА, пакетчиња за децата и пакети за социјално ранливите граѓани

И оваа година, рудникот САСА во пресрет на новата година ја продолжува традицијата, обезбедувајќи пригодни подароци за членовите на локалната заедница и за своите вработени.

Како изминатите години, така и оваа година компанијата обезбеди новогодишни пакетчиња за сите деца од градинките и учениците од основното училиште во Македонска Каменица, како и за сите лица со посебни потреби во локалната заедница.

Истовремено, пакети со прехранбени и друг вид производи добија и лицата и семејствата од социјално ранливите категории за да можат и тие да го почувствуваат духот на новогодишните празници. Дополнително, пригодни подароци ќе има и за членовите на дежурните тимови на брзата помош, противпожарната единица и полицијата, како и вработените во рудникот, кои на новогодишната ноќ ќе бидат на своите работни места.

Заради заштита на здравјето на луѓето и превенција од ширење на Ковид-19, оваа година не се организираа новогодишни средби и дружења. Дистрибуцијата на новогодишните пакетчиња за децата беше направена во соработка со училиштата и градинките, а пакетите со прехранбени и останати производи, како и подароците за дежурните служби се доставени во соработка со соодветните локални институции.

„Среќни сме што и покрај сите предизвици низ кои заедно поминавме во текот на оваа година ја продолжуваме традицијата на новогодишно дарување со која сакаме сите членови на заедницата да ја почувствуваат радоста и магијата на претстојните празници.

Жалиме што околностите не ни дозволуваат оваа Нова Година да се дружиме и заеднички да ги споделиме овие моменти, но сепак остануваме оптимисти дека следните новогодишни празници ќе ги дочекаме заедно, во добро здравје и одлично расположение. Рудникот САСА бил и останува составен дел од оваа задница“, изјави во оваа прилика директорот за одржливост во Рудник САСА, Ивица Талевски.

Исто така, Рудник САСА на сите свои вработени кои покажале голема трудољубивост и посветеност во исполнување на работните задачи во текот на годината, покрај редовната плата, им исплати и новогодишен надоместок, а им додели и пригодни подароци.

ПРОМОТИВНА ОБЈАВА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

„Ако имаш донеси, ако немаш понеси“: Хуманитарна акција на пилјара од Гевгелија

Редакција

УСЈЕ и годинава се приклучува на глобалната иницијатива „Часот на планетата Земја“

Редакција

Монасите и монахињите од Бигорскиот и Рајчичкиот манастир ќе го искачуваат Голем Крчин и на врвот ќе има литургија

Редакција