еМагазин
Image default
ЧИСТА ОКОЛИНА

„О2 Иницијатива“: Загадениот воздух не прави и агресивни

Најновите истражувања покажуваат дека покрај тоа што загадениот воздух нè прави болни, нè прави и поагресивни, пишува „О2 Иницијатива“ на нивната фејсбук-страница.

„Загадениот воздух знаеме дека предизвикува редица аномалии и болести, од респираторни, срцеви удари, мозочни удари, канцер, неуролошки пореметувања, репродуктивни, спонтани абортуси, генетски мутации, зголемена појава на депресија и други ментални болести, го намалува умствениот капацитет, листата е долга.

Но, како загаденоста расте, така се зголемува и насилството, вклучувајќи го и домашното насилство.Насилството не мора да е секогаш физичко, може да биде и вербално. Просто кажано, при загаден воздух, она што не морало да ескалира, ескалира. Станавме нација на болни, глупави и агресивни луѓе“, велат од „О2 Иницијатива“ приложувајќи студија за ова тврдење.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

„Скопје Север“ доби забрана да работи на мазут, директорот Рамадани ќе го обжали решението

Редакција

Засадени 50.000 дрвја во Велешко, за две години 90.000 со акцијата за пошумување „Сончева гора“

Редакција

Најголемиот загадувач-индустријата, лобира за законски измени да ѝ се врати дозволата за увоз на отпад што ќе го согорува, велат од Зелен хуман град

Редакција