Објавен е оглас за избор на нов претседател и членови на Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК).
На актуелното раководство на ДКСК му истекува мандадот во февруари следната година и според закон, тие неможат да се пријават за нов мандат.
Според огласот кандидатот за претседател мора да има најмалку десет години работно искуство по завршување на високото образование, од кои најмалку осум години работно искуство во областите на на откривање или спречување на корупцијата, владеење на правото или добро управување.
За член на ДКСК освен десет годишно работно искуство, доволни се шест години работно искуство во областите на откривање или спречување корупција.
Во составот на ДКСК се избира претседател и шест членови.
Целиот оглас ОВДЕ.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ