еМагазин
Image default
Македонија

Објавен оглас за избор на обвинители во повеќе обвинителства, но не и за скопското

Советот на јавни обвинители на денешната 75. седница донесе одлука за распишување оглас за избор на вкупно 31 јавен обвинител во повеќе основни јавни обвинителства низ земјава.

На конечната листа на Академијата за судии и јавни обвинители, од седмата генерација, има 28 кандидати за јавни обвинители, кои положиле и ќе можат да се пријавата на еден од огласите за избор на јавни обвинители во ОЈО Битола – 2 места, ОЈО Велес – 1, ОЈО Гевгелија – 2, ОЈО Гостивар -3, ОЈО Дебар – 1, ОЈО Делчево – 1, ОЈО Кичево – 3, ОЈО Крива Паланка – 1, ОЈО Кочани – 1, ОЈО Куманово – 2, ОЈО Охрид – 2, ОЈО Прилеп -2, ОЈО Ресен – 1, ОЈО Свети Николе – 1, ОЈО Струга – 1, ОЈО Струмица – 1 и ОЈО Тетово – 6 места.

На овој избор нема да бидат објавени огласи за ОЈО Скопје, како и за ОЈО Берово, ОЈО Радовиш, ОЈО Кавадарци и ОЈО Штип.

Претседателот на Советот на ЈО, Антонио Јолески, посочи дека освен Скопје и Радовиш, во сите останати обвинителства има голем недостиг на кадри и дека заедно со листата на кандидати, пред седницата до членовите на Советот им ја доставил и листата со потребите на сите јавни обвинителства во државата, согласно систематизацијата и пополнетоста.

По објавувањето на огласите сите кандидати, кои ќе се пријават, ќе треба да поминат на интервју во Советот на јавни обвинители.

Согласно систематизацијата, заклучно со март 2022 година најкритична е состојбата во ОЈО Крива Паланка каде од потребните 1 + 2, нема ниту еден јавен обвинител, ОЈО Делчево, каде од 1 + 1 по систематизација, нема ниту едно пополнето место и ОЈО Свети Николе, каде од 1 + 1, слободни се двете позиции.

Потоа следат ОЈО Гевгелија 1 + 3, од кои три се непополнети и ОЈО Прилеп каде од 1 + 7, слободни се четири, ОЈО Кичево 1 + 4, од кои три се слободни и ОЈО Тетово каде од 1 + 7 слободни се седум места.

Од останатите, во ОЈО Скопје треба да има 1 + 66 јавни обвинители, а слободни се шест места, во ОЈО Кавадарци 1 + 4, од кои едно е слободно, ОЈО Куманово 1 + 13, а слободни се четири места, ОЈО Велес 1 + 8, од кои три се слободни, ОЈО Битола 1 + 8, а слободни се две, ОЈО Охрид 1 + 7, од кои слободни се три места, ОЈО Ресен 1 + 1, а слободно е едно место, ОЈО Струга 1 + 4, од кои едно е слободно, ОЈО Гостивар 1 + 8, каде два места се непополнети, ОЈО Дебар 1 + 1, од кои едно е слободно, ОЈО Штип 1 + 5 по систематизација, ОЈО Радовиш 1 + 1, ОЈО Берово 1 + 2, од кои две се слободни, ОЈО Кочани 1 + 5, од кои две слободни, ОЈО Струмица од 1 + 8, слободни се две места.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Нов оглас за избор на обвинители во Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Одобрено обвинението за „Поштенска банка“

Редакција

Русија не се откажува преименувањето на Република Македонија да го разгледува Советот за безбедност на ОН

Редакција

Казни за 679 лица за неносење маски

Редакција