еМагазин
Image default
Македонија

Во Софија се одржале конзуларни консултации меѓу министерствата за надворешни на Македонија и Бугарија

Во Софија вчера се одржале конзуларни консултации меѓу Министерството за надворешни работи (МНР) на Македонија и Министерството за надворешни работи на Бугарија на ниво директори за конзуларни работи.

Како што соопшти денеска МНР, на консултациите се разгледани повеќе прашања од конзуларната област, а кои директно ги засегаат граѓаните на двете држави.

-Посебно внимание беше посветено на начините за подобрување на меѓусебната комуникација во врска со измените на законодавството за влез и престој на територијата на секоја од земјите и неговата примена, взаемното информирање за задржани граѓани, соработка при конзуларни случаи, особено кога е потребна помош како на пример лекување или репатријација, начинот и постапката за издавање на документи од матичните книги, воспоставување на точка за директна комуникација во итни случаи и други прашања од областа.

Обете страни изразија задоволство од досегашната соработка во конзуларните работи, споделија информации за предизвиците со кои се соочуваат и разменија предлози за унапредување на соработката, стои во соопштението на МНР.

Конзуларната соработка меѓу Македонија и Бугарија се одвива врз основа на конзуларната конвенција склучена меѓу двете држави во 1999 година. Конзуларните консултации се реализираа на иницијатива на Министерството за надворешни работи на Македонија, и се први од таков вид во изминатава декада, додаваат од МНР.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Од утре се отвараат сите гранични премини, влез во Македонија со тест за Ковид-19

Редакција

Кој блефира, ВМРО-ДПМНЕ или СДСМ: Избори или уставни измени

Редакција

„Ле Монд“: Проширувањето на ЕУ со Северна Македонија и Албанија е блокирано од Франција, Германија и Холандија

Редакција