еМагазин
Image default
ЧИСТА ОКОЛИНА

„Обединет Балкан за чист воздух“: Треба да знаеме што дишеме-неопходни се точни и транспарентни податоци

И покрај значителните достигнувања што се случија од поставувањето на станиците за
мониторинг на квалитетот на воздухот, и системите што ја известуваат јавноста во државите во регионот, квалитетот и количината на податоци не достигнаа задоволителни нивоа, а официјалните резултати треба да бидат многу подостапни и разбирливи, соопштија од Европскиот фонд за Балканот, при спроведувањето на својата кампања „Oбединет Балкан за чист воздух“ со партнерите од регионот.

„Граѓаните на Западен Балкан имаат право да ги знаат нивоата на загаденост на воздухот и да бидат
информирани за секоја промена што ќе се случи. Ова е исто толку важно како и метеролошкото известување, а тие податоци мора да бидат навремени и лесно достапни“, изјавија учесниците во регионалната кампања ‐ организации од Белград, Приштина, Подгорица, Сараево, Зеница, Скопје и Тирана.

И покрај напредокот во воспоставувањето мрежа на мерни станици за квалитетот на воздухот на Западен Балкан, сè уште има недоволна територијална покриеност од истата. И во урбаните средини недостигаат информации за некои загадувачи, особено за фините честички ПМ 2,5, една од најопасните материи.

Иако податоците се релевантни за населението само ако се достапни секој час, многу мерни станиви во регионот објавуваат податоци со задоцнување. Повеќето земји во регионот немаат прецизен список на извори и количества на емисии на загадувачки материи. Без тоа, и сериозни инвестиции во мерните станици, не може да се спроведат правилни чекори за подобрување на квалитетот на воздухот.

Албанија, Босна и Херцеговина, Црна Гора, Косово, Северна Македонија и Србија се согласија за Зелената агенда за Западен Балкан во ноември 2020 година со потпишување на Софиската декларација, која ги дефинираше обврските на земјите од регионот за подобрување на мерењето и известувањето и отвори пат кон фондовите на ЕУ.

Јавниот притисок останува клучен за подобрување на системот за мерење и остварување на правото да се биде информиран за нивото на загаденост на воздухот.

Кампањата „Обединет Балкан за чист воздух“ беше иницирана од Европскиот фонд за Балканот во партнерство со следните организации: Еко Форум од Зеница, Институт за територијално управување со животната средина од Тирана, Сбункер и Балкан Грин Фондација од Приштина, AirCare од Скопје, ОЗОН од Подгорица, Регулаторниот институт за обновливи извори и животна средина и Отворено училиште Белград од Белград.

Се одржува втора година по ред, со цел да се подигне свеста на граѓаните од регионот за причините и последиците од загадувањето, можните начини за подобрување на квалитетот на воздухот и борбата за поздрава животна средина.

„Обединет Балкан за чист воздух“ ја нагласува неопходноста од регионална соработка за трансформација на енергетската индустрија и системот за заштита на животната средина, со што би се подобрила и економијата и јавното здравје.

Заедно, учесниците на кампањата ќе ги стават на располагање сите нејзини материјали кои им припаѓаат на сите граѓани од Западен Балкан, чие активно вклучување се очекува.

ПРОМОТИВНА ОБЈАВА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Фото) Охрид во сред сезона се гуши во чад од депонијата Буково

Редакција

Лани сме создале 913.033 тони отпад, од нив собрани само 630.086 тони

Редакција

Од денеска на сила стапува забраната за пластични кеси: Биоразградивите ќе чинат 15 денари

Редакција