Седумгодишното девојче на пратеникот од СДСМ, Сашко Костов од редовите на СДСМ било мета на киднапери или на насилници. Оваа дилема треба да ја реши истрагата на полицијата, објави Телма.
Костов за Телма брифира дека завчера додека неговата ќерка се движела по улицата, возило со странски регистерски таблички кое се движело со голема брзина по улицата, нагло застанало до неа.
“Од совозачкото седиште маж со наредувачки глас и викнал да влезе во возилото. Голема среќа е што девојчето било присебно, па само одмавнало со главата. Во тој миг поминал мојот вујко, кој свикал по непознатите во возилото, по што со голема брзина побегнале од улицата“, вели Костов.
Мотивите за обидот за киднапирање не му се познати, дали станува збор за политика или бизнис.
Од Министерството за внатрешни работи (МВР) информираа дека за случајот се приведени две лица.
“Контастирано е дека 18 годишните М.Ѓ. и И.Ј. со патничко возило БМВ, управувано од М.Ѓ. се движеле низ улиците во градот и вознимирувале граѓани. Лицата се приведени во Полициска станица-Кочани, а за случајот е известен Јавен обвинител“, информираа од СВР-Штип.