еМагазин
Image default
Македонија

Обвинетите во „Змиско око 2“ ослободени од вина за злоупотреба на службената положба

Сите 22-ца обвинети во случајот „Змиско око 2“ се ослободени од вина за кривичното дело „злоупотреба на службената положба“, додека за дел од нив кои беа обвинети за „злосторничко здружување“ донесена е одбивателна пресуда заради застареност.

Пресудата ја донесе денеска Основниот кривичен суд Скопје по завршните зборови од јавниот обвинител и завршните зборови на обвинетите и нивните бранители.

– Со првостепената пресуда сите 22 – ца обвинети, од кои за две лица се водеше раздвоена постапка, се ослободуваат од вина за кривичното дело од чл. 353 ст.5 в.в. со ст.3 од КЗ односно Злоупотреба на службената положба додека за кривичното дело од чл. 394 ст.1 од КЗ за дел од
обвинетите и 394 ст.2 од КЗ за преостанатите обвинети односно Злосторничко здружување судот донесе одбивателна пресуда заради настаната апсолутна застареност, информира Основниот суд Скопје.

Против пресудата, странките имаат право на жалба пред Апелацискиот суд во Скопје.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Кичевецот е негативен на тестот за мајмунски сипаници

Редакција

Убава вест: 137 оздравени пациенти од Ковид-19, дури 108 од Скопје

Редакција

Температура, најчест симптом кај заболените со Ковид-19 во Македонија

Редакција