еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Поранешниот обвинител Димоски за обвинението против него: Нарачан и политички мотивиран прогон

Поранешниот јавен обвинител Воислав Димоски се огласи на Фејсбук по обвинението за него.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Каков имот пријавил поранешниот обвинител Воислав Димоски, против кого е поднесено обвинение

Обвинение за несовесно работење на поранешен јавен обвинител од Охрид

„Со оглед дека последните речиси две години, заканите кои ги добивав од различни центри се однесуваа на мојот физички интегритет, морам да признам дека ми е задоволство што Јовески решил со мене да се пресмета на ваков начин.

Без оглед каква е состојбата во правосудството, судницата сепак е мој терен, а околноста дека некој во сопствената интелектуална и стручна немоќ зел да ја злоупотребува позицијата за пресметка со неистомисленици, најмалку зборува за мене.

И покрај непријатностите и околноста што е надвор од етиката и од законот лиферувањето на вакви информации, ми претставува задоволство што самата дебата се преместува на терен на јавноста.

Очекувајте целосно да ве информирам за текот на нарачаниот и политички мотивиран прогон кон мене и при тоа со задоволство да ги разобличам нарачателите на истиот.

Дедо ми велеше дека чавките секојпат напаѓаат во јато. Така и овојпат. Арно ама ние сме родени за посериозни битки, а не за бркање чавки.

Слобода или смрт!“, напиша тој.

Фото: Фејсбук/Димоски

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

СДСМ: Груевски го допре дното, но нема да побегне од одговорност

Редакција

Колкава плата имал лани директорот на велешки „Димко Митрев“ и челеновите на Одборот на директори

Редакција

Високи температури до крајот на неделава

Редакција