еМагазин
Image default
Македонија

Обвинителството ќе даде завршни зборови за „организатори на 27 април”

Шефот на Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција, Вилма Русковска, денеска ќе ги даде завршните зборови во случајот против „организаторите на 27 април”.

Кривичниот совет за овој случај го води судијата Илија Трпков. Завршните зборови за одбраната се закажени за 6 и 12 јули.

Обвинети во овој предмет се поранешниот претседател на Собранието, Трајко Вељаноски, поранешните министри за транспорт и врски и за образование, Миле Јанакиески и Спиро Ристовски, како и поранешниот директор на Управата за безбедност и контраразузнавање (УБК), Владимир Атанасовски.

Тие се товарат дека сториле кривично дело „терористичко загрозување на уставниот поредок и безбедноста“.

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

„Меѓаши“ апелира до Владата да ја преиспита одлуката за враќање на работа и од породилно на родителите на деца до 10 години

Редакција

Мицкоски: Новиот пакет мерки нема донесе ништо добро, туку ќе ја продлабочи кризата

Редакција

Џафери во текот на денот се очекува да донесе одлука за иницијативата за референдум

Редакција