еМагазин
Image default
Македонија

Обвинителството го испитува повикот на Агатанел за масовно одење во храмовите за задушница

Основното јавно обвинителство Велес отвори предмет по допрен глас по објавите во медиумите и јавното соопштение на митрополитот Агатангел и Повардарската епархија, со кое ги повикува верниците на масовно одење во храмовите за време на верскиот празник Духовденска задушница, в петок и во сабота, во тек на целиот ден, додека во сила е забраната за групирање на територијата на целата држава, забраната за движење на населението во одредени временски периоди и забраната за пристап до гробишта.

Со цел утврдување на факти во предметот и евентуална кривична одговорност, соопшти денеска Јавното обвинителство, велешкото Обвинителство даде насоки на СВР Велес за обезбедување податоци во однос на стореното дело и испитување на околностите дали содржи обележја на кривично дело, како и во поглед на почитувањето на мерките што се определени од страна на Владата.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Филипче: Агатангел да го повлече повикот да се посетуваат храмовите

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Беса ќе делува за активна блокада на Собранието, неопходни се предвремени парламентарни избори, вели Касами

Редакција

Пецков пред Георгиески: Охрид ќе добие градоначалник во вториот круг

Редакција

Продолжи протестот на работниците од правосудството и управата, Синдикатот се уште нема покана за средба со Владата

Редакција