еМагазин
Македонија ТОП СТОРИИ

Од 20 патници, кои по враќањето од Грција се во изолација, четворица се позитивни на Ковид-19

Четири позитивни случаи на Ковид-19 досега се откриени меѓу младите патници, кои пред неколку дена се вратија со автобус во земјава по летувањето во Грција, информираше Марија Гочевска од Центарот за јавно здравје – Скопје.

Заболените патници се меѓу дваесетте лица кои се ставени во изолација, и освен возачот и двајцата водичи, ниту еден од патниците кои се во изолација не бил вакциниран.

Гочевска потенцираше дека лицата кои се вакцинирани со две дози и поминале 14 дена од последната доза на вакцината не треба да бидат во изолација, но треба да бидат внимателни ако еветнтуално пројават симптоми.

Во автобусот кој од Грција пристигнал во државава на 20 јули имало 27 патници.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Петмина македонски туристи се вратиле од одмор во Грција со Ковид-19

Фото: Photo by CDC on Unsplash

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Убава вест: 6 оздравени од Ковид-19

Редакција

Нема да подржиме уставни измени по бугарски диктат не само сега, туку и во иднина, вели Мицкоски

Редакција

Вагон од возот кој сообраќал на релација Гевгелија-Скопје излизгал кај Кадина река, нема повредени патници

Редакција