еМагазин
Image default
Бизнис

Од 6 декември редовна авиолинија Скопје-Киев

На релацијата Скопје-Киев од 6 декември (недела) се воведува редовна авиолинија.

Новите летови, што се воспоствуваат првпат меѓу Украина и Македонија, ќе ги реализира авиокомпанијата WINDROSE. Летовите 7W791/792 ќе се извршуваат секој четврток и недела.

-Првпат во историјата на односите меѓу Украина и пријателска Република Северна Македонија од 6 декември 2020 година се воведуваат летови на релација Киев-Скопје-Киев, соопшти денеска Амбасадата на Украина во Скопје.

Летовите од аеродромот Бориспиљ ќе се извршуваат со авиони Embraer-145 и ATR72-600. Покрај тоа, истакнуваат од Амбасадата, WINDROSE нуди удобен транзит од регионите на Украина: Харков, Днипро, Одеса и Лавов.

-Постоење на директните летови ќе придонесе за интензивирање на билатералната соработка – зајакнување на бизнис врските, развој на туризмот во двете земји, подобро запознавање на граѓаните на Северна Македонија со Украина и на Украинците со Република Северна Македонија.

На овој значаен настан беше посветена средбата на амбасадорката на Украина, Наталија Задорожњук со генералниот директор на TAV Macedonia, Метин Батак на аеродромот на Скопје на 26 ноември 2020 година, стои во соопштението, објавено на Фејсбук страницата на Амбасадата на Украина.

На веб-страницата на WINDROSE веќе може да се купат картите и за Киев и за Скопје.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Возовите од Скопје кон Битола и обратно ќе сообраќаат еднаш дневно

Редакција

Општина Струмица склучи договор со “Универзал градба“ вреден 499 илјади евра

Редакција

За прехранбените компании кои не ги намалија цените потрошени 1,5 милиони евра за субвенционирана струја, пари на граѓаните

Редакција