еМагазин
Image default
БЕНЧМАРК ТОП СТОРИИ

Од Италија имаме гласна и доследна поддршка за евроинтрегациите: Средба на Ковачевски со италијанскиот премиер Драги

Италија е земја членка на ЕУ која е наш сојузник во напорите за пристапување на Северна Македонија, и постои согласност дека истото треба да се случи без дополнително одлагање. Италијанската силна, гласна и доследна поддршка за процесот на интеграција на нашата држава во ЕУ е од особено значење, изјави денеска премиерот Димитар Ковачевски по средбата со италијанскиот премиер Марио Драги во Рим.

Ковачевски, како што јави известувачот на МИА, напомена дека Италија е важен политички и економски партнер на Северна Македонија.

Како што потенцираше, имаат заедничка согласност со премиерот Драги дека остварените резултати на нашата земја на патот на евроинтеграциите треба да имаат соодветна за завршница со итно отворање на пристапните преговори.

-Со Италија имаме активен политички дијалог и динамична секторска соработка. Негуваме одлични односи и исклучителна соработка, а средбата со премиерот Драги е уште една силна потврда за континуираните успешни билатерални односи меѓу двете земји, додаде Ковачевски.

Италија, како што рече, е наш важен трговски партнер со вкупен билатерален трговски обем од 738 милиони долари, а италијанскиот пазар е препознат како еден од најважните пазари на кои се извезуваат македонските производи.

-Нашата соработка е значителна и во културата, образованието и науката, како и во земјоделството и истата очекуваме да се прошири и продлабочи. Нашата дијаспора е активна, е важен чинител во италијанското општество и е мост за унапредување на нашата соработка. Воедно, за нас и истата изразувам благодарност, додаде Ковачевски.

Со премиерот Драги, како што посочи Ковачевски, изразиле задоволство за единство кое го покажаа НАТО сојузниците, како и ЕУ во контекст на актуелната состојба со руската агресија врз Украина.

Тој потенцираше дека од особено значање за нас е и италијанската поддршка која секоја година ја добиваме за организацијата и за члестви на манифестациите во члест на Светите Кирил и Методиј во Рим, како и за претставувањата на уметниците од нашата земја на биеналето во Венеција.

На прашањето дали со Драги разговарале за идејата на францускиот претседател Емануел Макрон за формирање Европска геополитичка зедница, Ковачевски рече дека разговарале, но само во насока на идејата која што беше презентирана од Макрон, со тоа што и Драги рекол дека треба да се одржи состанок во Совет на ЕУ, каде што самата идеја би требало да биде во детали образложена за да може да се коментира и суштински да се разговара за неа.

МИА/Фото: Влада

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Каков е распоредот за различни категории на граѓани: Бесплатен железнички превоз од 1 мај

Редакција

Австрија ја стави Македонија на „црвена листа“ за ковид-безбедни земји

Редакција

Бројката на дијагностицирани со Ковид-19 надмина 10.000: Нови 152 случаи, најмногу во Скопје, Куманово, Штип

Редакција