еМагазин
Image default
Локално

Од утре автобусите 100 и 200 ќе сообраќаат до Саемот на книга во СЦ „Борис Трајковски“

Во редовниот линиски превоз од утре до понеделник, 9 мај 2022, ќе бидат вклучени две привремени линии, 100 и 200, кои ќе сообраќаат до СЦ „Борис Трајковски“. Првата ќе сообраќа од Ново Лисиче, а втората од Дексион.

Како што соопшти ЈСП „Скопје“, и двете линии се воведуваат за полесен пристап на посетителите на манифестацијата „Саем на книга 2022“, што ќе се одржува во СЦ „Борис Трајковски“.

Цените на автобуските билети се според официјалниот ценовник на ЈСП „Скопје“, а возниот ред е достапен на веб страната на претпријатието.

Автобусот со број 100 ќе се движи од улицата „Февруарски поход“, булевар „Видео Смилевски – Бато“, булевар „Јане Сандански“, булевар „Кузман Јосифовски – Питу“, булевар „Кочо Рацин“, улица „11 Октомври“, улица „Димитрие Чуповски“, булевар „Св. Климент Охридски“, булевар „Партизански одреди“, улица „Бледски договор“, Арена „Борис Трајковски“ и обратно по истата траса.

Автобусот со број 200 ќе сообраќа по улицата „Црногорска“, улица „Кузман Шапкарев“, улица „Ѓорче Петров“, булевар „Партизански одреди“, улица „Бледски договор“, СЦ „Борис Трајковски“ и обратно по истата траса.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МВР „растури“ забава во викендица на Тиквешкото езеро

Редакција

Тешко повредена скопјанка по удар од возило

Редакција

Две жени повредени во автобус на ЈСП по нагло прикочување

Редакција