Времето утре претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност, информираа од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР).
Во попладневните часови ќе има развој на нестабилна облачност, проследена со дожд, грмежи, засилен ветер и ќе има услови за појава на град. Ќе дува слаб до умерен, повремено засилен ветер од северен правец.
Во Скопје претпладне времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Во попладневните часови ќе има услови за развој на нестабилна облачност, проследена со дожд, грмежи и засилен северен ветер.
Фото: Unsplash














