еМагазин
Image default
Македонија

Од утре продолжува печатењето и издавањето лични карти

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски на денешната стота владина седница информирал дека подзаконскиот пропис во врска со издавањето на обрасците на новите лични карти ќе биде објавен уште во текот на денешниот ден во „Службен весник“, и со тоа ќе се овозможи веднаш да започне печатењето и издавањето на личните карти на граѓаните согласно нивните поднесени барања.

Како што се посочува во владиното соопштение, денешната седница била со единствена точка на дневен ред на која била разгледана Информација за надминување на актуелната состојба во врска со издавање на обрасците на новите лични карти.

На седницата Владата го задолжи министерот да ги преземе сите потребни активности за донесувањето на подзаконски пропис согласно овластувањето од Законот за лични карти и да го усогласи со одредбите од Законот за употреба на јазиците со што се овозможува непречено издавање на обрасците за барање за издавање на личната карта, образецот на потврдата за поднесено барање за издавање лична карта, образецот за личната карта, постапката за издавање и замена на личната карта, како и за начинот за водење на евиденцијата за издадени лични карти.

Спасовски, како што се посочува, ги информирал премиерот и министрите дека подзамконскиот пропис ќе биде објавен до крајот на денот во „Службен весник“ и дека од утре ќе се овозможи печатење и издавање лични карти.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Убава вест: Оздравени 127 пациенти кои боледуваа од корона вирусот

Редакција

Владата ги поништи разрешувањата и именувањата на Мизрахи на в.д. директори во центри за социјална работа

Редакција

Сведочење за насилството во Собрание: Планирано било да се влезе во Парламентот, а Иванов да прогласи воена состојба

Редакција