еМагазин
Image default
Бизнис

Од утре влез во Холандија само со ПЦР-тест, важи и за вакцинирани

Холандската амбасада во Скопје информираше дека од 22 декември, согласно новите правила, и вакцинираните ќе треба да прикажат негативен ПЦР-тест за влез во земјата, а новата одлука важи и за граѓаните на Македонија.

„Од 22 декември 00:01 па натаму, сите патници кои патуваат (назад) во Холандија надвор од Шенген/ЕУ треба да покажат негативен резултат од тестот, вклучително и оние кои се целосно вакцинирани или оздравени.

Ова исто така важи и за патници од земји со висок ризик и земји кои се на списокот на безбедни земји на ЕУ (вклучувајќи ја и Северна Македонија)“, се вели во соопштението на Амбасадата.

Повеќе информации на овој линк.

Фото: Влада

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

„Дијаг“ го доби тендерот на Владата за набавка на благодарници за здравствените работници вреден 100.000 евра

Редакција

Ѓорѓи Јанчевски избран за нов член на Одборот на директори на „Триглав осигурување“

Редакција

Народна банка за годинава предвидува раст на економијата од 2,1% и инфлација од 8 до 9%

Редакција