еМагазин
Image default
Свет ТОП СТОРИИ

Од вечерва на полноќ стапува на сила забраната за увоз на јаглен од Русија

Од вечерва на полноќ со завршувањето на преодниот период, стапува на сила пакетот санкции што земјите од ЕУ го усвоија во април, а кој вклучува забрана за увоз на јаглен од Русија.

Со пакетот се забранува купување, увоз или трансфер во ЕУ на јаглен и други цврсти фосилни горива со потекло или извезени од Русија, во вредност од осум милијарди евра годишно.

Првата од енергетските санкции на ЕУ против Русија беше токму забраната за купување јаглен.

Околу 25% рускиот извоз на јаглен беше во Европа.

Забраната за увоз на нафта од Русија се очекува да стапи на сила во декември.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

„А1 Македонија“ и „Македонски Телеком“ во тесна трка на пазарот на мобилна телефонија

Редакција

За Османи, Артан Груби е унапреден

Редакција

Топ пет најниски нето плати во јуни

Редакција