еМагазин
Image default
Локално ТОП СТОРИИ

Од „Втора македонска бригада“ во „Адем Демачи“: Премиерот на Косово, Курти присуствуваше на преименување на улица во Чаир

Премиерот на Косово, Албин Курти, кој е во неофицијална посета на земјава, денеска присуствуваше на преименувањето на улицата „Втора македонска бригада“ во „Адем Демачи“ во Општина Чаир.

Во обраќањето, Курти рече дека пред пред две недели е одбележана петгодишнината од смртта на Демачи и оцени дека е од особено значење тоа што Демачи ќе има своја улица во Македонија.

На настанот присуствуваа и градоначалникот на Општина Чаир, Висар Ганиу, како и претседателите на движењето „Беса“, Билал Касами, на „Алтернатива“, Африм Гаши и Изет Меџити кој најави формирање на ново политичко движење во албанскиот блок.

Попладнево, Курти е во посета на Тетово. Според агендата, тој денеска ќе се сретне со албанските опозициски партии, но не се најавени средби со државниот врв или владините партии од албанскиот блок.

МИА/Фото: Фејсбук/Меџити

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Врабoтен во МВР во слободно време бесплатно ќе превезува лица до аптеки и маркет во неговата општина Ѓорче Петров

Редакција

МВР постапува по случајот во кој две лица се закануваат во автобус на ЈСП

Редакција

По „бугарскиот кош“: Повелете, наведнати сме, има ли уште некој проблем со Македонците?

Редакција