еМагазин
Image default
Локално ТОП СТОРИИ

Бугарин приведен во Скопје, се обидел да поткупи полицајци за да не му пишат казна

На 10.08.2023 околу 14 часот во Скопје полициски службеници од ПС Кисела Вода го привеле Б.Е.Г. (60) од Петрич, Република Бугарија поради сторено кривично дело „давање поткуп“ по чл.358 од КЗ, информираат од МВР.

-Имено, Б.Е.Г. бил сопрен од полициските службеници откако сторил сообраќаен прекршок односно со товарно моторно возило „ивеко“ поминал на црвено светло на семафор, а откако полициските службеници му ја побарале сообраќајната дозвола и му укажале дека ќе му биде изречена глоба, Б.Е.Г. во сообраќајната дозвола ставил пари (евра) и рекол дека тоа го направил за да се почестат за да не му изречат глоба.

Полициските службеници веднаш го лишиле од слобода Б.Е.Г. за сторено кривично дело „давање поткуп“ по чл.358 од КЗ, велат од таму.

Известен е јавен обвинител и по документирање на случајот против Б.Е.Г. до ОЈО Скопје ќе биде поднесена кривична пријава по брза постапка.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Град Скопје: Носете маски и ракавици ако се возите во автобус

Редакција

Последната жирафа која угина во скопската Зоолошка имала рак

Редакција

Убава вест: 1.440 оздравени од Ковид-19

Редакција