еМагазин
Image default
Интервју

Одделете се од гужвата овие празници со стајлингот на Милена и РУМОР шоп

„Што ќе облечам“ е најпознатото модно прашање особено кога се работи за прослави и забави од ваков тип. Тргнувајќи токму од тоа, добро познатото концептуално катче со уникатна дизјанерска гардероба, РУМОР и нашата позната стилистка Милена Танаскоска ни ги открија модните „WOW“ изгледи за новогодишната вечер. Покрај тоа успеавме да дознаеме нешто повеќе за Милена и што значи да се биде стилист…

Милена Ве гледаме постојано во соработка со РУМОР шоп, позната беше и Вашата соработка за време на Евровизија изминатата година, што е она што Ви се допаѓа кај овие модни парчиња?

Милена: Во време кога модата е комерцијална, кога повеќето од нас изгледаат униформирано, немаме достапно работи со многу висок квалитет, тогаш РУМОР шоп е правиот избор. Нивните парчиња ги бирам зашто се уникатни, дизајнерски и со висок квалитет, нешто што ќе нѐодвои од толпата.

Постојано си во соработка и со наши познати личности, на кој начин го спојуваш карактерот на личноста со она што го одбираш за неговата фото-сесија или сценски настап?

Милена: Кога ја правам соработката со познати личности, дефинитивно тргнувам прво од нивниот карактер, од потребата за што е наменет изгледот, дали е фотосесија или настап. Ако се работи за спот, зависно дали песната е динамична или поромантична, гледам секогаш да ги спојам тие две работи, да не отскокнува сликата од тонот.

Што се случува ако ти каже дека не му се допаѓа тој изглед и дека не е негов стил?

Милена: Се случило некогаш личностите со кои соработувам да не се чувствуваат комфорно во изгледот што сум им го одбрала, затоа што се обидувам да ги извадам од нивната комфорт зона, но се обидувам да им укажам дека тоа е патот до градење на нивниот стил. Но, да се разбереме, не дека секогаш настојувам да биде по мое, имало случаи кога правиме компромис, за да се чувствуваат слободно во своја кожа, иако има и такви кои секоја моја промена ја прифаќаат без приговор.

Дали Mакедонците се модерна нација – во однос на стил и изглед?

Милена: Македонците како нација се уште имаат многу да учат за негување на својот стил и изглед, но исто така има добри 10% од луѓето кои комотно можат да се носат со светските трендови и street style ѕвезди, секоја пофалба за ваквите исклучоци.

Кои 5 аутфити од РУМОР би ни ги предложила за новогодишната вечер?

Милена: Монистите се неизбежни за овој период од годината, затоа тие се мојот прв избор. Од принтовите точките ми се едни од омилените, со мали украсни детали цветови на рабовите, па затоа ги употребив и нив. Кожата е актуелна неколку години, а добар пар хеланки никогаш не излегуваат од мода. Сив асиметричен фустан, ќе ве стави во центар на внимание. Додека пак транспарентна кошула и шик шорцеви со чизми се супер избор за урбани девојки.

Дали ти се сметаш за девојка со стил?

Милена: За себе би рекла дека сакам да ги пратам трендовите, но не секогаш слепо, има еден дел од себе што секогаш го проткајувам во секој изглед. Во однос на стилот, сега сум најблиску до парчињата што сакам да ги носам и како сакам да изгледам, но мислам дека со возраста и тој се менува и надоградува.

Која е твојата новогодишна честитка?

Милена: Во новата година радувајте се на малите нешта, научете да уживате во сопственото друштво, прифатете ја секоја прилика што ви се нуди, учете од искуствата, имајте верба и не се откажувајте лесно од работите што ги сакате.

Локација: #RUMOROHRID: Климент Охридски бр: 5
#RUMORSKOPJE: Наум Наумовски Борче (веднаш до 7гр Еспесо – Партизанска)

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Стојчевски: Служете и на каузата на мирот и на хуманоста

Редакција

Наскоро отвараме редакција во Македонија, вели за еМагазин, првиот човек на Блумберг Адрија, Само Ошина

Редакција

Јовановиќ: КИНЕНОВА и уметноста ќе ја победат пандемијата оваа година со специјална програма

Редакција