еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Одговорност на ЕУ е ситуацијата да не остане замрзната, важно е преговорите да почнат сега, порача финската премиерка Марин од Скопје

Финската позиција е многу јасна, ние сме во полза на проширувањето и нашата позиција во врска со С.Македонија и Албанија е многу јасна – сакаме да се случува напредок, сакаме да ги видиме двете земји како стануваат земји членки на ЕУ во иднина и треба на напредуваме на тоа прашање, рече финската премиерка Сана Марин на денешната заедничка прес-конференција со премиерот Димитар Ковачевски.

Одговорност на ЕУ, според финската премиерка, е да се осигура дека ситуацијата нема да остане замрзната.

– Треба заедно да дискутираме за прашањето со Бугарија и да се осигураме дека ќе ги имаме насоките од сега па натаму по кој пат треба да се движат. Неделава ќе имаме состанок каде ќе дискутираме за статусот на Украина и Молдавија, мислам е важно да се дискутира за сиутацијата со Западен Балкан и да се осигураме дека сите прашања ќе бидат решени. Наша одговорност е да се осигураме дека веќе нема да има проблеми, рече Марин.

Позицијата на Финска, повтори таа, е многу јасна. Финска, нагласи, е меѓу најголемите поддржувачи на проширувањето во ЕУ.

– Сакаме да ве видиме како дел од ЕУ и сакаме сите да се движиме напред, рече Марин.

Таа истакна дека и Финска и Шведска ќе ја засилат НАТО Алијансата и ќе ја направат побезбедна.

– Сакам да им оддам почит на нашите односи, особено зашто треба да бидеме сојузници во НАТО. Ова ќе биде важен чекор за сите нас и за билатералните односи меѓу двете земји. Северна Македонија е цврст поддржувач на политиката на отворени врати на НАТО, рече Марин нагласувајќи дека во Финска и Шведска ја ценат вредноста на сојузништвото.

Според финската премиерка важно е во оваа ситуација НАТО да биде обединето околу поддршката за нивното членство.

– Русија ја промени безбедносната средина на Европа и мора на нашите граѓани да им покажеме колку е важно да сме обединети, цврсти и одлучни. Тешката ситуација со Русија потенцираше дека тесните национални интереси мора да бидат тргнати настрана за доброто на целата Европа. Важно е преговорите да почнат сега. За нас Северна Македонија е позитивен пример за активен и конструктивен член на меѓународниот поредок, рече Марин.

Ковачевски од своја страна истакна дека членството на Финска во НАТО значително ќе ја зголеми безбедноста во евро-атлантскиот регион, особено регионот на високиот Север и Балтикот.

– Уверен сум дека оваа посета е првата од многубројните. Македонија ја поддржува политиката на отворени врати на НАТО, отворено ја поддржавме иницијативата на Шведска и Финска да станат членки на НАТО, се надевам на што поскоро членство и на двете земји. Нашата Влада уште во мај даде согласност за прием на Шведска и Финска во НАТО, рече Ковачевски.

Ковачевски посочи дека Финска е широк поддржувач на зачленување во ЕУ на земјите од Западен Балкан и оти блокадата со која се среќаваме ние, одекнува негативно во регионот.

Премиерот додаде дека С.Македонија и Финска имаат заедничка евроатлантска иднина за која, рече, силно меѓусебно ќе продолжиме да се заложуваме.

МИА/Фото: Влада

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Американскиот центар за контрола и превенција на болести потврди дека ризикот за пренос на Ковид-19 преку површини се смета за низок

Редакција

Се укинува прогресивното оданочување и нема зголемување на даноците

Редакција

Нестабилното време продолжува и денеска: Пороен дожд, грмежи и засилен ветер

Редакција