еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Во Охрид продолжува судењето за напаѓачите на Пендиков

Пред Судскиот совет во Основниот суд во Охрид денеска треба да се одржи првото повторено рочиште од процесот што се води против Илија Спасески, првообвинетиот за нападот врз Христијан Пендиков, секретарот на бугарскиот клуб во Охрид.

Судијата Бојан Мартиноски кој го води процесот, на 28 февруари го прифати барањето на одбраната за одложување од причина што, како што беше посочено од застапниците на обвинетиот, не им биле доставени доказите обезбедени во предистражната постапка.

Стефан Камишевски, адвокатот на Христијан Пендиков, тогаш истакна дека оштетениот ќе се појави пред Судот во мигот кога ќе заврши со лекувањето.

Инцидентот со Христијан Пендиков се случи на 19 јануари во кафе-бар во Охрид.

Случајот предизвика тензии во односите меѓу Софија и Скопје. Бугарските власти испратија авион со кој Пендиков беше транспортиран на лекување во Софија, а не е познато дали тој ќе се појави на денешното рочиште.

Одбраната на Спасески се произнесе дека за нив не е неопходно присуство на Пендиков во Судот.

МИА/Фото: Unsplash

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Кабинетот на Пендаровски за изјавите на Џамбаски: Ставовите на претседателот беа дадени по Советот на безбедност, надлежностите сега се кај Владата

Редакција

„Ер Србија“ од 5 јуни ќе лета за Охрид

Редакција

Нови 432 случаи на Ковид-19 од 2.663 тестирања, бројката на активни е 8.334

Редакција