еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Одлука за влез на Алтернатива во Владата засега нема: Заев и Гаши ќе ги продолжат разговорите следната недела

Премиерот и лидер на СДСМ Зоран Заев и претседателот на Алтернатива, Африм Гаши, по неколкучасовната средба во Клубот на пратениците изјавија дека конечните одлуки за влез на Алтернатива во Владата ќе ги донесат во органите на двете партии, и оти разговорите продолжуваат наредната седмица.

Заев, по средбата со Гаши, рече дека било разговарано за неколку проблематики, за кои останува за време на викендот да размислат и во СДСМ и во Алтернатива, но и кај партнерите од владината коалиција.

– Нашата покана е Алтернатива да биде дел од Владата. Таргетот пред нас се редовни избори, а не вонредни. Продолжуваат разговорите следната седмица. Како нешто ќе утврдиме, така и ќе ја  информираме јавноста, рече Заев.

На средбата, Заев, рече дека им биле соопштени условите под кои понатаму би продолжиле разговорите.

– Ние ќе ги информираме следната недела за нив. Сите треба да водиме грижа за европската иднина на земјата и тоа е можно ако имаме стабилна влада и стабилно парламентарно мнозинство. Можно идно соработување ќе биде дефинирано, токму врз програмски принципи. Како ќе ги разговараме и договараме, така и ќе ги соопштуваме, изјави Заев.

Разговаравме, нагласи Заев, за многу важни работи и секако треба да се вратиме во партиите, во СДСМ и Алтернатива, но и партнерите.

– Се очекуваат отстапки од сите не само од СДСМ, туку и од ДУИ и сите партнери во владата да прават отстапки. Одлуката на крајот од нив може да биде да влезат, а може и да биде да на влезат. Тоа ми е соопштено денеска на средбата. Но, одлуките се носат на органи на париите, изјави Заев по неколкучасовната средба со Гаши во Клубот на пратениците.

Заев информира дека разговарале, како што рече, за амбициозниот осврт на Алтернатива дека кај нив постои лочино поделеност дали да се влезе во Владата или не.

– Логично е и за мене заради тоа што пред само недела дена беа во офанзива или определба да се собори оваа Влада, односно ДУИ како што тие го кажуваа, но дефинитивно одговорноста пред државата ги исправува да бидат отворени дебатите и во органите и во телата на Алтерантива за идното нивно вклучување или опстојување како опозиција.

Од тој аспект и СДСМ, а и сите други наши партнери ќе треба да ги разгледаме тие важни аспекти за коишто денеска разговаравме,“ рече Заев.

Тој истакна дека одлуката на крајот од нивна страна може да биде да влезат, може да биде и да не влезат.

– Тоа ми е соопштено денеска затоа што е логично дека разговараат и со своите досегашни партнери, односно тоа е Зијадин Села – АА и Христијан Мицкоски – ВМРО-ДПМНЕ, но одлуките се носат како во СДСМ така и во Алтернатива и во другите партии на органи и тела на партиите, заклучи Заев.  

Претседателот на Алтернатива, Африм Гаши, по денешната средба со Заев, рече дека имале отворена дискусија за тоа како мнозинството ја гледа Алтернатива, но дека за двете опции кои се пред нив – поканата за членство во Влада или да остана опозиција, ќе дискутираат на органите на партијата врз основа на аргументи.

– Имавме отворена дискусија и јас сум убеден дека ќе ја донесеме најдобрата одлука за сите нас, изјави Гаши.

Алтернатива, нагласи Гаши, имајќи ја предвид сериозноста на политичката ситуацијата во земјата, има обврска да го види концептот на Заев на кој начин може да се надмине оваа криза и како мнозинствотото гледа на Алтернатива.

– Како претседател на Алтернатива, јас имам обврска да ги разгледам двете опции. Првата опција е приклучување на парламентарното мнозинство, а втората опција е да продолжиме со опозицијата.

Двете опции ќе ги дискутираме на органите на партијата врз основа на аргументи, што е подобро за интересот на земјата, граѓаните, Албанците и секако на Алтернатива, изјави Гаши.

МИА/Фото: МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Денеска почнува Божиќниот пост

Редакција

Мицкоски: Веднаш лидерска средба

Редакција

Крвав крај на пресметка меѓу врсници: Малолетник убиен со нож во Лисиче

Редакција