еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Одлуката на Уставен не значи дека автоматски ќе се зголемат платите на функционерите за 78%, тврдат од Владата

Одлуката на Уставниот суд со која се укинуваат одредби од Законот за плата и други надоместоци на избрани и именувани лица е конечна и треба да се почитува. Но, тоа не значи дека автоматски ќе се зголемат платите на сите именувани лица за 78 проценти како што шпекулира дел од јавноста, се наведува во одговорот од владината прес-служба, на прашањето од МИА за оваа одлука.– Напоменуваме дека досегашното „замрзнување” на основицата беше всушност владин став изминатиов период и од страна на Владата истиот е бранет како став пред Уставен суд, а која со одлука на Уставен истата практично се укинува.

Министерството за труд и социјална политика во рамките на своите овластувања има дадено негативно мислење за иницијативата за промена на членовите од Законот за плата и други надоместоци на избрани и именувани лица до Уставниот суд со кое го потврдува ставот на Владата дека законското решение за плати не треба да се менува. Така што, намерата на Владата била и сѐ уште е јасна, а тоа е фер и праведно платена работа за сите чинители во општеството, наведуваат од Владата.Иако основицата за пресметување плата согласно одлуката на Уставниот суд се зголемува, се вели, Владата конкретно ги разгледува можностите за намалување на коефициентите за пресметка на плата кај именуваните лица за кои има законска можност, а со цел да не се оптовари буџетот.

Апелираа и до останатите чинители да го направат истото, во рамките на своите законски овластувања.– Воедно, апелираме и да не се шпекулира и да се прибегнува кон популистичка реторика и активности, да се разговара реално и со факти, се подвлекува во одговорот од владината прес-служба.Дополнително, информираат, во моментов се работи на решение за Општ колективен договор и Закон за плати со кој ќе се направи системско решение за платите во јавниот сектор и ќе се обезбеди континуиран раст согласно утврдена методологија.– Во моментов и минималната и просечната плата како и висината на пензиите е на највисоко ниво досега и ние и понатаму ќе работиме и на зголемување на платите и пензиите, но и на намалувањето на трошоците за живот, со цел да обезбедиме повисок животен стандард за граѓаните.

Секој граѓанин треба да живее достинствено и да е му се вреднува трудот согласно квалификациите, обемот и комплексноста на работата која ја работи или работел, информираат од прес-службата на Владата.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

На политичарите платите им се ниски, но треба да бидат последни на листата за покачување, вели Османи

Функционерите ќе добијат повисоки плати, за Пендаровски тоа е невкусно во криза

МИА/Фото: МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Министерот Милков не дојде во бугарското Собрание, дебатата за Македонија одложена

Редакција

Од понеделник пообилни врнежи од дожд, на планините снег

Редакција

745.000 смртни случаи се припишуваат на долгото работно време, покажува студија на Обединетите нации

Редакција