еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

„Огнените“ и официјално станаа фракција на ДУИ

„Огнената група“ од Демократската унија за интеграција (ДУИ) од денеска и официјално ќе настапуваат како фракција на партијата. Градоначалникот на Чаир, Висар Ганиу на прес-конференција рече дека се обврзуваат да бидат гласот на сите Албанци.

– За жал, три години по ред алармираме дека не се почитуваат Статутот и програмата на ДУИ, што најдобро го докажува неформирањето на партиски тела за овие години. Денеска стоиме пред вас како фракција и се обврзуваме дека ќе бидеме гласот на потребите и барањата, не само на нашиот електорат, туку на сите Албанци и овој глас нема никој да го замолчи.

За нас гласот на народот е сè, затоа што ова е гласот на разумот и ќе го покажеме на дело правилното, принципиелното и сеопфатното функционирање, изјави Ганиу.

Според него има двојни стандарди за време на дебатите и носењето на одлуките. Напомена дека нивниот  предлог за гласање недоверба на министрите бил одбиен. Според Ганиу, органите на ДУИ не функционираат според Статутот, а политичките одлуки се носат исклучиво од министрите на ДУИ.

Градоначалникот на Чаир посочи дека меѓу нив и ДУИ има разлики во ставовите околу спроведувањето на албанскиот јазик во пракса и изнесе неколку предлози за власта, меѓу кои и отстранување на 20 проценти од Уставот, регулирање на статусот на семејствата на борците на ОНА, обезбедување на услови за гласање на дијаспората по електронски пат, казината да бидат надвор од населени места, зголемување на минималната и просечната плата, како и зајакнување на општините.

МИА/Фото: МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Реџепи од Алтернатива се предомисли поради Левица, го повлекува потписот од „списокот“ на Мицкоски

Редакција

Мери Дика Георгиевска е нов претседател на Апелацискиот суд Скопје

Редакција

Се укинува прогресивното оданочување и нема зголемување на даноците

Редакција