еМагазин
Image default
Локално

Охриѓанец лажно се претставил како Американец пред полицајци

На 16.01.2021 околу 17.30 часот на бул.„Гоце Делчев“ во Гостивар, полициски службеници од Полициската станица Гостивар го привеле Р.Т.(51) од САД, кој немал документи за идентификација, информира МВР.

„Тој бил спроведен во Центарот за странци во Гази Баба во Скопје, а по преземени мерки било утврдено дека лицето лажно се претставило и дека станува збор за Р.Б.(53) од Охрид.

На 17.01.2021, тој бил спроведен во СВР Охрид и со него бил извршен разговор, а по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава“, соопшти МВР.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Штип од денеска добива јавен градски превоз

Редакција

МВР повторно во лов на диви тркачи

Редакција

На Токсикологија во Скопје синоќа примени 22 пациенти во алкохолизирана состојба, во Ургентниот центар извршени 80 прегледи

Редакција