еМагазин
Image default
БЕНЧМАРК

Охрид домаќин на ИПАРД Инфо ден за мерка 7 „Диверзификација на фарми и развој на бизниси“

Оваа е втора работна недела во која се спроведуваат Инфо денови во склоп на едукативната кампања за ИПАРД Програмата 2014 – 2020. Охрид беше последната локација во која што се реализираше последниот инфо ден за оваа недела.

До сега претставниците на Телото за управување со ИПАРД фондовите од Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство и Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој ги информираа граѓаните во Сопиште, Петровец, Берово, Пехчево, Дојран, Негорци, Белчишта и Охрид.

Во Охрид главниот фокус беше ставен на мерка 7 „Диверзификација на фарми и развој на бизниси“. Повикот за оваа мерка беше објавен на 4. октомври и ќе трае до 18. ноември 2019 година. Благодарение на претставниците на Телото за управување со ИПАРД фондовите од Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство и Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој сите заинтересирани сега се запознаени со можностите и предностите од мерка 7.

Покрај сите детали на нив им беа претставени и најприфатливите инвестиции како градба/реконструкција на објекти и друг недвижен имот кој се користи за прифатливите економски активности, набавка и/или инсталирање на нови машини и опрема поврзани со прифатлива економска активност, набавка на наменски транспортни резервари и приколки, набавка на повеќегодишни дрвја и растенија (со исклучок на семе, саден материјал и мицелиум), набавка на нови машини и опрема за заштита на животната средина вклучувајќи опрема за производство на електрична енергија и/или греење со употреба на обновливи извори на енергија и инфраструктурно уредување.

За оваа година од ИПАРД Програмата се очекува да бидат искористени уште 8,7 милиони евра.

Инфо деновите за ИПАРД Програмата ќе продолжат и наредната недела во Калиште или Радолиште и Вевчани на 25 октомври 2019 година.

Информациите околу инфо деновите, деталите, потребните документи и јавните повици сите заинтересирани може да ги погледнат на веб страниците на Телото за управување со ИПАРД фондовите, Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство, Агенцијата за поттикнување на развојот на земјоделството и Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој и тоа www.ipardpa.gov.mk, ipard.gov.mk, mzsv.gov.mk, agencija.gov.mk или да се јават во сектор ИПАРД при МЗШВ на 02/3134-477 локал 113, 114 и 115 во АФПЗРР 02/3097-460 и АПРЗ 047/228-330 и 047/228-370.

КОМЕРЦИЈАЛНА ОБЈАВА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Лидерите на ЕУ постигнаа договор, пакетот за закрепнување на економиите на земјите-членки е 1.824 милијарди евра

Редакција

Откажана прес-конференцијата на лидерите на ЕУ по Самитот со земјите од Западен Балкан

Редакција

Португалија против фиксни датуми за проширување на ЕУ

Редакција