еМагазин
Image default
БЕНЧМАРК ТОП СТОРИИ

Лидерите на ЕУ постигнаа договор, пакетот за закрепнување на економиите на земјите-членки е 1.824 милијарди евра

Лидерите на ЕУ, по неколкудневни маратонски преговори, рано утрово постигнаа договор за повеќегодишниот заеднички буџет и фондот за закрепнување.

Вкупниот износ на пакетот за закрепнување е 1.824 милијарди евра, од кои 1.074 милијарди се во рамките на заедничкиот буџет за периодот од 2021 до 2027 година.

Фондот за закрепнување на ЕУ изнесува 750 милијарди евра, а се состои од 390 милијарди неповратна помош и 360 милијарди заеми. Овој фонд ќе биде финансиран со заедничко задолжување на ЕУ на светските пазари на капитал, а рокот за отплата на заемот е крајот на 2058 година.

Конечниот договор предвидува и распределба на средства од буџетот по области, почнувајќи од Кохезискиот фонд, за кој е издвоен најголем износ од 322 милијарди евра, преку Фондот за обновливи извори и животна средина (240 милијарди евра), Единствениот пазар за иновации и дигитализација (132,7 милијарди ), Фонд за миграција и управување со границите (22,6 милијарди евра), Одбрана и безбедност (13,1 милијарди евра), Јавна администрација (73,1 милијарди евра) и Фонд за соседство и свет (98,4 милијарди евра).

Во рамките на фондот за соседството и свет е и инструментот за претпристапна помош за земјите кои се во процес на евроинтеграција, за што во наредните седум години се наменети 12,5 милијарди евра.

Во претходниот буџетски период за ИПА фондовите беа издвоени 11,7 милијарди евра.

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

„Марковски компани“ го доби тендерот на ЕСМ за машински интервенции во РЕК Битола вреден 287.000 евра

Редакција

Вечерва на Тиквешки гроздобер во Кавадарци ќе пее Лепа Брена

Редакција

Пендаровски го осуди нападот на бугарскиот клуб, за Радев тоа е апсолутно неприфатлив чин на агресија

Редакција