еМагазин
Image default
Локално

Трагедија: Млада прилепчанка почина во сообраќајка на патот Битола-Прилеп

На 20.07.2020 во 15.30 часот на магистрален пат Битола-Прилеп, кај с.Тополчани, се случила сообраќајна незгода помеѓу товарно возило „фиат“, со прилепски регистарски ознаки, управувано од З.Б.(60) од Прилеп, патничко возило „ауди“, со бугарски национални ознаки, управувано од Б.Т.(22) од Битола и патничко возило „фиат добло“ со прилепски регистарски ознаки, управувано од М.К.(21) од Прилеп, информира МВР.

Во незгодата на лице место починала В.В.(36) од Прилеп, сопатничка во патничкото возило „фиат добло“, додека возачот М.К. и Н.Д., сопатник од истото возило, како и возачот Б.Т. на патничкото возило „ауди“ биле пренесени во Клиничка болница Битола за укажување на лекарска помош.

Увид на местото на незгодата извршиле Јавен обвинител и екипа од Полициска станица Прилеп.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Лажна вест е дека имало обид за киднапирање дете во центарот на Куманово

Редакција

Навивач од Битола нападнал „колега“ од Струга и полицаец кај „Женска плажа“

Редакција

Обвинителството бара казни од 2.000 евра за 11 лица коишто го прекршиле полицискиот час

Редакција