еМагазин
Image default
Локално

Обвинителството бара казни од 2.000 евра за 11 лица коишто го прекршиле полицискиот час

Против 11 лица кои не го почитувале полицискиот час во Скопје, Основното јавно обвинителство Скопје поднесе предлози за издавање казнени налози.

„Лицата се товарат дека сториле кривично дело – Непостапување според здравствените прописи за време на епидемија од член 206 став 1 од кривичниот законик.

Имено, во одвоени кривично-правни настани, тие биле затекнати како се движат на различни локации во градот, без да поседуваат дозвола и тоа во временскиот период во кој движењето на населението е забрането како мерка за спречување на ширењето на заразна болест.

Јавните обвинители му предложија на Основниот кривичен суд Скопје да определи парични казни од по 100 дневни глоби за сите обвинети, при што поединечната висина на една дневна глоба да биде одредена на 20 евра во денарска противвредност“, соопшти Јавното обвинителство.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Во Скопје за еден ден санкционирани 391 возач

Редакција

Работник од Кочани се повредил и починал во фабрика во скопска Гази Баба

Редакција

(Видео) Дождот во Скопје поплави и автобус на ЈСП со патници

Редакција