еМагазин
Image default
Локално

Четворица демолирале „ренџ ровер“ пред Советот на град Скопје

На 20.07.2020 во 12.46 часот пред Совет на град Скопје, полициски службеници од СВР Скопје ги лишиле од слобода С.М.(39) од с.Сарај, Е.А.(25) од с.Глумово, А.З.(36) и Б.З.(33), двајцата од с.Ласкарци, бидејќи со разни предмети оштетиле паркирано патничко  возило „ренџ ровер“, со скопски регистарски ознаки, сопственост на Ј.С.(53) од с.Шишево, по што се обиделе да побегнат со две патнички возила „ауди“ и „голф“, со скопски регистарски ознаки, информира МВР.

При нивен преглед од страна на полициски службеници, кај С.М. бил пронајден пиштол „Токаѓу 58“, а кај А.З. бил пронајден пиштол „Екол тигар“, кои ги поседувале без дозвола.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Фото) Жители на селото Лажани беа евакуирани поради поројните дождови

Редакција

Гори и во Демиркаписко, ќе се гаси со полициски хеликоптер

Редакција

Фалсификатори се „гостеле“ во Берово: Со лажни двеилјадарки биле во кафана, казино и во шопинг

Редакција