еМагазин
Image default
Локално ТОП СТОРИИ

Гори и во Демиркаписко, ќе се гаси со полициски хеликоптер

Уште еден пожар попладнево во Тиквешко. Покрај пожарот во Гоцева шума кај Неготино, пожар избувна и во Демиркаписко.

-Поради олеснување на воспоставувањето на контрола врз шумскиот пожар во месноста наречена Мал Раковец во општината Демир Капија, за дваесетина минути ќе дејствува еден полициски хеликоптер со ведро од три тона, информираа од Центар за управување со кризи (ЦУК).

Авион на Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС) веќе интервенира на пожарот кај Неготино, каде на терен гаснат и пожарникари од Неготино и Кавадарци.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Фото) Голем пожар ја зафати Гоцева шума кај Неготино, испратен авион на ДЗС за гаснење

МИА/Фото: МВР

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Видео) Како изгледа Струга во новогодишно руво

Редакција

Најголемата продавница на Зара во регионов ќе биде во East Gate Mall во Скопје

Редакција

(Видео) 7 Оскари за филмот „Опенхајмер“, за „таткото“ на атомската бомба

Редакција