еМагазин
Image default
Забава ТОП СТОРИИ

(Видео) 7 Оскари за филмот „Опенхајмер“, за „таткото“ на атомската бомба

Филмот „Опенхајмер“ на режисерот Кристофер Нолан, кој е автобиографска приказна за „таткото“ на атомската бомба, Роберт Опенхајмер, триуфираше на Оскарите.

Доби дури седум Оскари – за најдобар филм, најдобра режија, најдобра машка улога, најдобра машка споредна улога, кинематографија, најдобра оригинална музика и за монтажа.

Оскарот за најдобар актер во главна улога го доби Килијан Марфи за филмот „Опенхајмер“.

Во женската категорија, Оскарот го доби Ема Стоун за улогата во филмот „Кутрите суштества“ и ова е нејзин втор Оскар.

Оскарот за најдобра споредна женска улога го доби Давајн Џој Рендолф за улогата во „Останатите“.

Оскарот за најдобра машка споредна улога го доби Роберт Дауни Јуниор за улогата во “Опенхајмер“.

Оскарот за најдобро оригинално сценарио го доби „Анатомија на падот“ на Жистин Трије и Артур Харари, а за најдобро адаптирано сценарио филмот „Американска фикција“ на Корд Џеферсон.

Оскарот за најдобар краток анимиран филм го доби Дејв Малинс за „Војната е завршена“, а за најдобар анимиран филм „Момчето и чапјата“ на Хијао Мијазаки.

Оскарот за најдобра шминка и фризура го доби филмот „Кутрите суштества“ на грчкиот режисер Јоргос Лантимос, кој доби Оскар и за најдобар дизајн и за најдобри костими.

Оскарот за најдобри визуелни ефекти го доби филмот „Годзила минус еден“.

Били Ајлиш го доби вториот Оскар за песната „Зошто сум создадена?“.

Во категорија најдобар документарен филм, Оскарот го доби „20 дена во Мариупол“, а за најдобар краток документарен филм Оскарот го доби „Последната продавница за поправка“.

Оскарот за најдобар краток игран филм го доби „Прекрасната приказна на Хенри Шубер“, а филмот „Зона на интерес“ го доби Оскарот за најдобар звук.

Оскарот за најдобра филмска музика го доби Лудвиг Горансон за филмот „Опенјахмер“.

Видео: ABC News/Промо

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Викендов треба да се донесе одлука за штрајкот во училиштата и градинките, дијалогот продолжува

Редакција

Македонското здружение на млади правници ја тужи Владата и Град Скопје заради загадениот воздух

Редакција

Нови лаги и провокации од Радев: Македонија градела идентитет врз фалсификат и испратила десетици илјади во концентрациони логори

Редакција