еМагазин
Image default
БАШ НИ Е ЌЕФ

Охридска пекара „Лихнида“ нуди леб и бели пецива бесплатно

Охридската пекара „Лихнида“ нуди помош на оние кои најмногу им треба, односно дава пецива и леб без пари. Идејата се родила од актуелната состојба со пандемијата на Ковид- 19.

„Бројот на луѓе кои доаѓаат во нашата пекара е педесеттина на ден, па и повеќе. На почетокот интересот беше помал, поради срам од околината, но гледаме дека таа бројка е се поголема.

Гледаме дека многу луѓе останаа без работа во овој период на пандемија и живеат на работ на егзистенција. Сакаме да помогнеме, да дадеме наш скромен придонес, за оние наши сограѓани на кои сега помошта им е повеќе од неопходна“, велат од пекара Лихнида во Охрид.

Oд таму се надеваат дека нивниот чекор, ќе биде пример и за други компании од градот и пошироко, да помогнат на заедницата начин на кој можат.

Извор: Православно секојдневие/Фото-вест на Мики Трајковски од Охрид/Фото: Лихнида/Фејсбук

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Во Скопје Женски приказни со предавачи од Чикаго на тема Soft Landing & Community Building

Редакција

(Фото) Актерката Џејми Ли Кертис доби тегла мед од Атиџе

Редакција

На 20. септември ќе се одржи уникатна барокната претстава „Dido and Aeneas“ (Дидо и Енеј)

Редакција