ОКТА го продолжува попустот од три денари за дизел и два денари за бензините по литар, до крајот на месецот

Како одговор на тековната меѓународна ценовна нестабилност, ОКТА го продолжува попустот што се нуди при продажба на дизел и бензини кон големопродажните и малопродажните трговци, до 30. април 2026 година, информираат од таму.

Попустот за дизел изнесува 3 денари по литар, додека попустот за бензин од 95 и 98 октани, останува 2 денари по литар.

-Иницијативата е доброволна, овозможувајќи им на трговците да ја пренесат придобивката кон крајните потрошувачи. Сепак, големопродажните и малопродажните трговци остануваат целосно слободни самостојно да ги утврдуваат своите продажни цени, велат од таму.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Со попустот од 3 денари за трговците со горива, ОКТА ќе им заштеди на граѓаните и државата 3 милиони евра

Фото: ОКТА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

  • Најчитани вести

  • Најчитани вести